Власта како да заборави дека прв премиер на независна Република Македонија беше Никола Кљусев. Цвеќе по повод 30 години независност денеска беше положено на гробовите на Киро Глигоров и Борис Трајковски, а оддавањето почит кон Кљусев, изостана.

Единствени кои положија цвеќе на вечното почивалиште на првиот премиер на независна Македонија, беa Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје и делегација на ВМРО ДПМНЕ.

За претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, доволно е да се оддаде почит кон првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, и за загинатиот претседател Борис Трајковски.

Почит за првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Не ги забораваме неговите заложби за мир и стабилност. Почит за загинатиот претседател Борис Трајковски. Ќе остане запаметен како лидер визионер, напиша Пендаровски на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.