По повод годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на Партијата Владо Мисајловски на својот фејсбук профил напиша:

Несомнено омилено место во мојот досегашен политички активизам има Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Таму се моите почетоци во политиката и таму ми е срцето. ВМРО ДПМНЕ секогаш се стремело да создава политики, проекти и мерки кои ќе им го олеснат животот на младите.
По тоа се препознава ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш им давала шанса на младите за подобар живот и повеќе шанси за успех во животот.
Наша генерална политика е да се обезбеди еднаков старт за сите млади во трката на животот и што е можно подобро услови.
И во иднина ќе продолжиме во тој правец, новата влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде најголем сојузник на младите во нашата држава. 🇲🇰, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.