Целата знајна и незнајна владина елита на државен трошок по светов се рашетува за да ја прими десеттата по ред условно безусловена препорака за отворање преговори, додека работниците од Охис по безброен пат денес протестираа пред празна зграда, реагира активистката Јована Мојсоска од Левица.

30 години поминаа во датуми, преговори, самити, компромиси и коленичење пред европските елити и нивниот капитал, додека илјадници човечки судбини се уништени и срозани. И уште западните плави и портокалови партиски платеници и нивните папагали нè убедуваат дека единствениот пат кон достоинствен живот е патот на коленичење и бескичмењачење пред нивните ЕУ и НАТО господари, вели Мојсоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.