Обвинетиот Борче Богдановски на денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ побара од судот да биде повикан владиката Агатангел, како и двајцата кои ја признаа вината за да кажат дека не ги познавал пред почетокот на протестите.

Богдановски рече дека кога пристигнале пред црквата владиката ги повикал да се упатат кон Општината. Таму вратите биле отворени и имало луѓе во дворот меѓу кои и адвокатот Мирослав Вујиќ, кој им упатил погрдни зборови.

Не кршев ограда ниту прозор ниту физички сум посегнал кон некое лице. Отидов мирно да протестирам. И сега да повика скопската епархија – ќе излезам, рече Богдановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.