Најпрвин да им порачам на верниците дека сум добар, чекам негативен тест, по што ќе бидам пуштен на домашно лекување. Исто и Владиката Агатангел е во добра состојба, тој беше хоспитализиран една недела после мене. На вашето прашање зошто ние, Владиците се лекуваме од Ковид-19 во приватната болница Систина, и дали немаме верба во јавното здравство, ќе го дадам одговорот кога ќе излезам од болница – вака во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Владиката Петар.

Веста дека Владиците се лекуваат од корона вирус во приватна болница, од вчера е топ тема во земјава, со оглед на тоа што цените за тамошниот престој се случува да надминат и над десет илјади евра.

Сепак, Владиката Петар, кој веќе 20 дена бил хоспитализиран, вели дека не знае точно колку ќе изнесува нивното лекување.

Кога бевме примени, нормално, плативме депозит. Дури откако ќе бидеме отпуштени од болница, ќе ја знаеме точната сума на лекувањето. Сакам да појаснам дека ние не сме овде туку – така, значи не бевме со благи симптоми, јас сум во ризичните групи, имам 75 години, додека Повардарскиот Митрополит Агатангел е девет години помлад од мене. Ако се било така лесно, немаше воопшто да бидеме хоспитализирани. Значи, со причина сме во приватна болница, молам за трпение, ќе појаснам се кога ќе излезам од болница, вели Владиката Петар.

Повеќе на „Фокус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.