Митрополит г. Агатангел во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, посочи дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец.

1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел.

Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата.

Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец, додава Митрополитот Повардарски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.