Пратениците и по речиси четири часа не можат да го усвојат дневниот ред за денешната 126. седница на која се ставени 124 точки.

На почетокот на седницата беа образложени предлог-законите кои треба да се донесат по скратена постапка, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита сите предлог-закони предвидени за дискусија.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ кој прв се јави за збор, пред усвојувањето на дневниот ред побара како втора точка да се стави Информацијата за енормното загадување на воздухот во земјава, поднесено од неговата пратеничка група. Иако беше ставен на гласање, овој предлог не помина.

-Десет дена пред менување на мандатот на оваа Влада и формирање техничка влада се носат 200 закони, а нема услови да поминат. Ова е непочитување на интелигенцијата на граѓаните, рече Данев и образложи дека Информацијата за енормното загадување треба да се стави на дневен ред зашто е исклучиво од интерес на граѓаните.

Да ги соблечеме партиските дресови, порача Данев, зашто ова не е политичко прашање, туку е прашање од егзистенционален карактер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.