На вечерашната владина седница разрешени се директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, Шпенд Хајредин, пишува Centar.mk

Разрешувањето доаѓа по основани сомневања дека овие лица сториле злоупотреба на службената положба и овластувања и го прекршиле Етичкиот кодекс за однесување на функциониери.

Според наодите на ДКСК директорот на Агенцијата за филм во периодот од 20 до 23 Март доделил средства на 27 филмски проекти без предходна банкарска гаранција која според законот и според Договорите за финансирање на филмски проекти, како што смета ДКСК потребно било да се достави за секоја фаза од реализација на проектот. Останува фактите да се утврдат во транспарентна постапка.

Во однос на случајот со Шпенд Хајредин, и тука ДКСК има поднесено иницијатива за негово разрешување заради основани сомневања дека Хајредин во својство на одговорно лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик на РСМ и член 353 в од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.