Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека утре на владина седница ќе се разгледува предлогот за награда на лекарите од 30 денари по вакциниран пациент.

Имаше реакција од поголем број на матични лекари кои ја поддржуваат оваа мерка, сметаат дека е навистина добра, сметаат дека една таква стимулација може добро да им дојде“, вели Филипче.

Филипче рече дека имаат точна анализа и табела од близу 1.500 матични лекари кај кои колкав број од прикрепените пациенти се вакцинирани и за тоа утре ќе се дискутура на Владината седница.

Оние матични лекари кои ќе постигнат 70 отсто вакцинација на прикрепените пациенти би добиле бонус во текот на идната недела. Матичните се во постојана комуникација со пациентите и имаат можност да апелираат до нив да се вакцинираат, рече Филипче.

Според анализите кои биле изготвени Филипче рече дека сега ќе се фокусираат на овој предлог со матичните лекари за нивна стимулација за секој пациент кој ќе се вакцинира, бидејќи другите мерки што беа претходно најавени се потешко остварливи.

Претходните предлози допираа до нешто што може тешко да се спроведе, се отвораа голем број прашања, а тоа е што со тие луѓе кои нема да се вакцинираат, а сепак, голем е финансискиот товар да се тестираат секоја недела, а притоа ризикуваат да ја загубат работата, рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.