Владата шири лажни вести за цените на патарините, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Според Директорот на ЈПДП Китанов патарините во нашата земја се „најевтини во регионот”. Вистината е дека на пример во Турција (земја дел од нашиот регион) патарината за автопат од 400 километри на релација Истанбул-Анкара е приближно 300 денари, односно помалку од 1 денар за 1 километар. Дополнително, цените на нафтените деривати во таа земја се поефтини, а БДП по глава на жител и просечната плата се околу 50% повисоки. Народот е осиромашен, ограбен и излажан. Време е за промени!, порача Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.