Владата на Република Северна Македонија утре во Тетово ќе ја одржи 165.седница. Во рамки на одржувањето на седницата, соопшти владината прес-служба, ќе има и министерски теренски активности.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, и директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП Македонија пат, Зоран Китанов и Беким Мемеди ќе направат увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Министерот Бектеши ќе ја посети  компанијата „Федер Бау“ во Индустриската зона Тетово. Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица кај селото Топлица.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.