Високиот функционер на ДУИ, истовремено и поранешен припадник на УЧК Фатмир Лимани – Беќири реагираше во врска со поделбата на ресорите на оваа партија изразувајќи го својот револт.

Сабјата е во двата прста на Изет Меџити, кој треба да биде одлучувачки фактор кажувајќи им го местото на сите без разлика. Владата се гласа или паѓа со двата прста на Меџити, напиша Лимани.

Претходно, од високи извори во ДУИ до медиумите стигнаа информации за внатрепартиските несогласувања меѓу најголемата албанска партија. Според тие информации, двајца пратеници на ДУИ биле против изборот на министри што го направи лидерот на партијата, Али Ахмети, поради што е можно е одлагање на денешната седница за избор на претседател на Собранието, како и утрешната за избор на владата.

Дел од членовите на партијата, пак, исто така се револтирани и од предлогор Фатмир Бесими да е министер за финансии, затоа што неговиот брат е пратеник во новиот парламентарен состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.