Помина еден ден откако Република објави дека премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски одржале таен состанок милијардерот Александер Сорос во Охрид во пресрет на трилатералната средба меѓу премиерите на Македонија, Србија и Албанија, но ов Владата нема ниту потврда ниту демант на нашата вест.

Во веста што ја објави Република беше споменато и името на претседателот Стево Пендаровски, но од неговиот Кабинет пристигна демант дека бил на средбата, што де факто потврдува дека Сорос бил во Македонија и средба била одржана.

Република испрати новинарски прашања до Владата во текот на вчерашниот ден, но оттаму сѐ уште нема никаков одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.