Владата прогласи дводневна жалост (14 и 15 февруари) по тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на патот Скопје – Тетово а во која 14 лица го загубија животот.
Сочуствуваме со сите семејства. Вечерва нашата држава тагува. 14 и 15 февруари се ден на жалост во целата држава, изјави премиерот Зоран Заев по вечерашната вонредна седница која ја одржа Владата.
Причините за несреќата засега не се утврдени. Истрагата е во тек. Идентитетот на жртвите се уште се утврдува.
Во автобусот вкупно биле 50 патници и еден возач. Состојбата на возачот е стабилна и тој се наоѓа во болницата „8 Септември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.