„Обид за враќање на ’49 од минатиот век, цензура на медиумите и контрола на слободно и демократски искажаната вистина“, вака лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го коментираше владиниот акциски план за борба против лажните вести и нападите врз демократијата.

Тој посочи дека ова што се прави не претставува никаква европска вредност.

„Цензурата не е европска вредност, но ве охрабрувам вас новинарите да ги информирате сите релевантни меѓународни институции, новинари без граници, за тоа што оваа реформирана комунистичка власт, мотивирана од едноумието на минатиот век сака да стори со слободната и демократска мисла во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.