Премиерот Зоран Заев имаше средба со поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на заедничкиот ручек на шефови на држави и влади на економскиот форум во Давос. Работните ручеци во рамки на форумот во Давос не се отворени за јавност и затоа не се известува со соопштение од нив.

Ова го истакнуваат од Владата за МИА во врска со објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава.

Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат, пишува Милошоски на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.