Милион и двесте илјади евра ќе бидат одвоени од државата каса, за да се обештетат осудените во судскиот предмет Сопот. Шестимна од осудените во следниот период ќе добијат по околу 200 илијади евра, поточно по околу 90 евра за секој ден поминат во затвор.
Владата на вчерашната седница одлучи да ги обештети со 5500 денари за секој ден поминат во притвор или затвор, откако СЈО во март минатата година се откажа од понатамошно кривично гонење.
Во исто време, државата ќе им ги надомести трошоците за судската постапка во висина која ќе ја утврди судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.