Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни (петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.

На седницата одржана на 3 јуни 2020 година Владата го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.