Законот за употреба на јазиците нема да се менува и покрај препораките на Венецијанската комисија, соопшти премиерот во заминување Зоран Заев, кој за оваа одлика се повикува на советите кои ги добил од правните експерти. Според него, и покрај бројните забелешки, граѓаните сепак имаат право да го користат албанскиот јазик.

Јас сум човек кој секојпат отворено и чесно зборува и во едни такви околности стручните служби, правниците, јас сум економист, ми кажаа начини на којшто може да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија, ако тоа се имплементира низ институциите на системот, без потреба од законско решение – јас би играл така, рече премиерот во заминување.

Тој потенцираше дека препораките на Венецијанската комисија во однос на судските постапки може да се имплементираат преку измени на Законот за кривична постапка и Законот за судови, кои се носат со дво-третинско мнозинсвто. Какви измени ќе претрпат овие законски решение ќе утврдува посеба комисија до крајот на недекава.

И покрај тоа што ден по обајвувањето на забелешките на Венецијанската комисија, премиерот во заминување Заев најави ревидирање на Законот за јазиците, денеска вели дека не ретерира од своите ставови, туку дека крајната цел е сите граѓани да имаат можност да го користат својот мајчин јазик. Тврди дека колаицијата со ДУИ функционира беспрекорно и дека заеднички во овие две години постигнале огромни успеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.