Владата како што изгледа е во паника и не знае како да се справи со здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот. Или владата едно најавува, друго одлучува, а сосема трето реализира.

Ваков беше и примерот со родителите кои се на продолжено породилно отсуство за кои од страна на министерот Венко Филипче беше најавено дека тие ќе останат дома до крајот на годината, бидејќи така предложила и Комисијата за заразни болести. За вчера да излезе министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска и во изјава за Канал 5 да каже дека ваквата предлог одлука ќе треба да се преразгледа. Со ваквите некоординирани изјави и предлози владата делува како раштиман оркестар кој наместо да им го олесни животот на граѓаните во овие тешки времиња на криза, таа го зголемува стресот кај нив и ги става во ситуација да не можат да го испланираат нивното нормално функционирање.

Во конкретниот пример многу родители кои ја користат оваа мерка базирајќи се на изјавата дадена од страна на Филипче, дека Комисијата за заразни болести предлага тие да останат дома до 31 декември, не ги запишале нивните деца во градинка. Па така Шахпаска со нејзината изјава за нивно можно враќање на работа предизвика нервоза кај овие родители, бидејќи не знаат што да прават со нивните деца доколку треба да се вратат на работа.

Тие вчера револтирани од ваквото играње со нерви на родителите кои се на продолжено породилно отсуство, како и неизнаоѓање на конечно решение за нив и нивните деца во услови на пандемија, група родители на продолжено породилно отсуство и напишаа писмо на министерката. Во писмото тие го изразија нивниот револт за непрофесионалноста на министерката Шахпаска, најавувајќи дури и протести ако и понатаму продолжи да си игра со нивното трпение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.