Владата на СДСМ не донесе никакви реформи во судството, а инсистира на закон за политички цели за да им биде алатка за затскривање на сите криминали и во иднина, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во дискусија со министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Господине Манчевски не можете вие да бидете и судија и се останато, вие сте политичар, како министер ваше право е да создадете можност судството да биде целосно независно, да им дадете право на професионалците да си вршат својата работа, но вас изгледа поважно ви е да ја имате целосната моќ таму, за да одлучувате за други постапки во иднина, му посочи Мисајловски на Манчевски во „Патот кон“ на „Алсат“.

Мисајловски истакна исто така дека не може да се носи закон за политички цели, да имаме закон со кој што сите овие криминали кои се случуваат сите овие изминати години да се затскријат и СДСМ да има своја алатка повторно.

Вие имавте претседател на влада кој се повлече од тело кое требаше да донесе реформи во судството, кои реформи ги направивте вие во судството?, го праша Мисајловски, министерот Дамјан Манчевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.