„Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“. Оваа мисла на македонскиот великан Гоце Делчев како да не важи за владата на на несудениот нобеловец Заев и односот кон наградата за најголеми достигнувања во повеќе сфери, а тоа е Нобеловата награда.

Повод за тоа што власта го бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература е овогодишниот добитник, австрискиот книжевник Петер Хандке.

Овој врвен писател стана државен непријател на Косово поради отворените критики кон политиката на Албанците во регионот. Албанија и Косово отпорано се изјаснија дека ќе го бојкотираат доделувањето на наградата, но и владата на Заев одлучи да го следи овој пример, и да се солидаризира со нив.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер се пофали дека му дал инструкции на амбасадорот во Шведска да не зема учествува на свечената церемонија поради Ханке.

Со тоа, Македонија отворено застана на страната на Косово и на Албанија, додворувајќи му на ДУИ во пресрет на изборите. Ова не е прв пат власта да бојкотира настани поради Косово.

Пред неколку дена министерот за економија Крешник Бектеши не замина на конференција во Молдавија поради тоа што Косово не било покането, а пред неколку месеци тоа го стори и Бујар Османи.

Ваквата позиција на власта на Заев не остана незабележана од српскиот државен врв. Претседателот Александар Вучиќ отворено порача власта во Скопје да си ја гледа својата работа и оти Србите во Македонија ќе знаат за кого треба да гласаат.

Нека си ја гледаат својата работа, но со бојкотот им покажаа на Србите како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат. Мислам дека нивниот проблем е многу поголем отколку нашиот, порача Вучиќ.

Во Македонија има околу 40.000 Срби и со тоа Вучиќ отворено им порача на изборите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Земји што го бојкотираат Хандке

Кој е Петер Хендке?

Австриецот Петер Хандке е еден од најдобрите писатели во својата земја. Има 77 години, досега има напишано десетина дела кои се меѓу најпродавание во германското говорно подрачје.

Гневот кај Албанците го навлече поради тоа што отворено го критикуваше бомбардирањето на НАТО на Србија како и пропагандата на Западот да ја направи единствен виновник за војните на Косово, Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Тој среде најголемите санкции на Србија во деведесеттите години реши да го посети Белград.

Знаев дека е невозможно само една страна, еден народ да биде виновен за се – изјави своевремено Ханке.

Ханке присустуваше и на погребот на Милошевиќ а еднаш го посети и во хашкиот затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.