Владата донесе Одлука за распределба на 19.800.000 денари од државниот Буџет за 2021 година за финансирање програмски активности на здруженија и фондации.

Ќе се финансираат активности на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во седум приоритети, информира владината прес-служба по денешната седница на Владата.

Првиот приоритет е Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните и за него се доделени 6.600.000 денари, вториот е Справување со светската пандемија предизвикана од ковид-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари; третиот – Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со 1.800.000 денари.

Четвртиот приоритет е Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари. За петтиот приоритет – Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, се доделени 2.400.000 денари; за шестиот – Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти 600.000 денари, а исто толку и за седмиот приоритет – Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.