Република Србија ќе испрати помош од најмалку 8.000 вакцини од „Фајзер“, соопшти денеска перемиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд во Скопје. Тој во името на македонскиот народ изрази благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ, до Владата и до српскиот народ за пријателскиот чин на солидарност и информираше дека Вучиќ понудил вакцините да ги донира.

Она што е битно дека, додека не стигнат првите 5.850 вакцини во февруари од Ковакс-механизмот, ова ќе бидат првите вакицини кои Македонија ги добива, а со тоа конечно ќе започне вакцинацијата, со неколку недели задоцнување во однос на редионот. Иако во минатите недели, Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, се уште нема ни трага од нивната помош. За срамот да е поголем, според најновите информации, Бугарија великодушно ќе ни подарела 100 вакцини.

Добриот Вучиќ, до неодмана, беше предводник на националистичка влада, барем според Заев. Ваквата изјава што идниот македонски премиер ја даде за тогашниот премиер, а потоа и претседател Вучиќ, предизвика доста контроверзии и реакции од страна на Србија.

Во интервјуто за српски „Курир“, тогаш лидерот на опозицијата Заев вели дека во Србија на власт е „националиситчкото раководство на Александар Вучиќ, кој себеси се декларира како лидер во регионот, а своите националистички позиции би ги покажал веднаш кога ќе му биде загрозена политичката кариера“.

Во еден од разговорите со руските пранкери, пак, веќе како премиер, Заев го нарекува Вучиќ „руски човек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.