Владата на Република Македонија денеска, 7.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 125-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлог-законот за ратификација на Мултилатералната Конвенција за имплементација на мерките за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот кои се однесуваат на договорите за одбегнување на двојното оданочување.

Пред министрите, меѓу другото на разгледување ќе се најдат и Информацијата за изготвена Стратегија за здравство на Република Македонија 2021-2030 година, како и Информацијата за текот на реализацијата на Националната стратегија на Република Македонија за соработка со дијаспората, 2019-2023 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.