Владата денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година со неколку точки на дневен ред.

На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата.

Седницата на Владата се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.