На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта. Преку оваа измена се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници.
Владата денеска ја утврди и содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование од кој се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел спречување на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.