На 134. седницата на Влада, денеска беше усвоена информацијата за изградба на Универзитетски Клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување на интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот Клинички Центар, соопштија од Министерството за здравство.

Во исто време, Владата го задолжила Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во Република Македонија.

Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на Универзитетски Клинички Центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, велат од Министерството за здравство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.