Владата не одржа седница и не донесе одлука дали викенов ќе има продолжен полициски час.

Комисијата за заразни болести предложи 58 часовен карантин потточно од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Овој предлог предизвика поделеност и во редовите на Владата и во целокупната јавност.

До сега сите предлози на Комисијата беа прифатени од Владата, но вчера прв пат по обелоденувањето на предлогот на лекарите Владата со писмена реакција посочи дека предлозите се уште не се усвоени.

ИСЗ со писмо ја предупреди Владата дека ваквата одлука на Владата ќе го урне нивниот кредибилитет во пресрет на изборите.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со оценка дека не е потребен викенд карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.