Владата изготви закон за евидентирање на лицата „фантоми“

Македонија 13.11.2019 / 14:33

Владата на предлог на Министерството за труд и социјална политика го утврди Предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени и ќе го предложи на усвојување во Собранието.

Целта на законот, како што информира владината прес-служба, е неевидентираните лица во матичните книги на родените да се стекнат со својство на лице со посебен граѓански статус, заради остварување право за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.