Владата на својата 23-та седница одржана вечерва усвои серија заклучоци, меѓу кои и препорака до работодавачите да организираат работа од дома.

Се препорачува на сите работодавачи, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирагье на институцијата, се наведува во заклучоците на Владата усвоени врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19.

Од оваа мерка исклучок се вработените лица во министерствата за внатрешни работи, за здравство и за одбрана, како и во Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа и во домовите за нега на стари лица и малите групни домови.

На својата седница на која беа разгледувани само материјали поврзани со спроведувањето на вонредната состојба во земјава, Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да оствари работиа средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и за утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.