На денешната седница Владата го усвои текстот на гаранцијата усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) како корисник на гаранцијата и Комерцијална банка, за финансиската гаранција на износ од 7 457 140 американски долари за набавка на вакцини преку Ковакс – системот, и го овласти министерот за здравство Венко Филипче во име на Владата да го потпише текстот на гаранцијата.

Владата го разгледа и го прифати текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа што треба да биде склучен помеѓу Владата на Mакедонија и Комерцијална банка за обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот за здравство Венко Филипче од име на Владата на Република Mакедонија да го потпише овој Договор“, соопштија вечерва од владината прес- служба.

Претходно денеска, Министерството за здравство соопшти дека во февруари ќе ги добиеме првите дози на вакцината на „Фајзер“, откако денеска попладне постигнат е директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.