Владата на денешната 143-та седница донесе одлука за разрешување на Претседателот на Одборот на директорот на акционерското друштво за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор од значење на републиката. Не се наведува причината за разрешување.

На денешната седница Владата на РСМ донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, соопштија од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.