Владата го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремена ратификација на Договорот со НАТО по примерот на Црна Гора.

Владата на Република Македонија на денешната седница, го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.

Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во алијансата, стои во соопштението на Владата.

Инаку на почетокот на месецов пратениците од ВМРО-ДПМНЕ испратија до владата иницијатива со цел да се забрза и да се обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.