Македонската влада ги осуди иранските ракетни напади врз американските и коалициските воени бази во Ирак, кои доаѓаат како одговор на Иран за убиството на генералот Касим Сулејмани.

„Сметаме дека ваквите неприфатливи постапки дополнително ги зајакнуваат тензиите и го зголемуваат ризикот од воен судир од пошироки размери. Апелираме на максимална воздржаност и преземање мерки за создавање предуслови за постепено смирување на тензиите и нормализирање на состојбата“, велат од МНР нагласувајќи дека земјава останува во постојани консултации со ЕУ и НАТО-партнерите и дека поддржуваат деескалација на состојбата во Иран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.