Лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши, на ТВ 21 изјави дека Владата е во сериозна криза и тешко ќе продолжи да функционира.

Со Заев сме разговарале неколку години наназад за соработка. Имавме соработка пред една година. Ние како опозиција неколку пати кажуваме дека Владата е во сериозна криза, во секоја смисла на зборот. Има криза со пандемијата, неспособна е Владата да донесе вакцини, има сериозни потфрлања во економијата и ред други работи, рече Гаши.

Тој додава дека Заев барал да се приклучат кон владиното мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.