Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, беше усвоена на денешната седница на Владата.

Со Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба се регулира поднесувањето на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Македонија, операторите ги доставуваат пријавите во ААВМУ.

Подзаконските акти донесени од ААВМУ согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги продолжуваат да се применуваат се до донесувањето на соодветните подзаконски акти определени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, информираат од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.