Владата со уредба која има законска сила донесе одлука да не застаруваат постапките за кривично гонење, дознава Алсат. Оваа уредба ќе важи од прогласувањето на вонредната состојба на 19 март и ќе трае додека не заврши.

Дополнително се одлага издавањето упатни акти за изречени затворски казни до три години до 1  септември.

Судиите кои треба да одат во пензија за време на вонредната состојба ќе останат на работа сѐ додека не го завршат започнатиот предмет.

Судиите кои евентуално би биле позитивни на корона вирус, Судскиот совет треба да им пронајде соодветна замена и судењата да продолжат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.