Владата денеска на седница треба да решава по предлогот на Главниот координативен кризен штаб за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време на угостителските објекти.

Кризниот штаб вчера на седница ги разгледа предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предложи на Владата на својата наредна седница да усвои одлука со која забраната и посебниот режим на движење ќе трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – ќе биде до 22:30 часот.

Како што соопшти вчера владината Прес-служба, наведените предлог-мерки ќе бидат разгледани на следната седница на Владата и доколку бидат усвоени, би важеле од утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.