Владата денеска најави одржување на 55-тата седница. Ќе бидат разгледувани нови мерки и препораки за заштита и превенција од вирусот Ковид-19.

„Ве известуваме дека денеска, (вторник, 19.5.2020 година), со почеток во 12:00 часот, Владата на Република Македонија ќе ја одржи 55-тата седница.

Седницата ќе се одржи во Свечената сала на Владата, при што како и до сега ќе бидат почитувани протоколите за превенција и заштита од коронавирусот КОВИД-19.“, соопштија од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.