На денешната 148. седница, Владата на Македонија ја усвоика Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локација во Скопје и го задолжила Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка соопштија од Министеството за здравство.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата.

Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава, велат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.