Со владина одлука денеска се поништени 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи во Министерството за внатрешни работи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

На денешната седница Владата го прифатила барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи, како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.