Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се откажува од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапува на Владата.

Од Владата на Република Македонија информираат дека до овој момент кај нив не стигнало такво барање, пишува Фокус.

– До овој момент во Владата нема стигнато такво барање, изјавија од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.