По низа натписи во медиумите дека се работи за грешка на логото кое денеска беше претставено, Владата излезе со став и го демантираше истото.

Имено Владата денеска го претстави логото по повод 30-годишнината од независноста по што следеа низа реакции дека логото, односно дека знамето е згрешено и наместо еден има два крака.

Од Влада на „Твитер“ објавија дека воопшто не се работи за сонцето од државното знаме.

Логото за јубилејот „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!, велат од Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.