Владиниот портпаролм,Муамед Хоџа на прес конференција во Владата рече дека ја поддржуват равботата на СЈО , како и на сите други институции во борба против криминалот.

Хоџа на прес конференција рече дека Владата ќе продолжи да се залага за борба пшротив секаков вид криминал и корупција , а правдата мора да биде еднаква за сите.

Со денешното апсење на шефицата на СЈО, Катица Јанева, како осомничена во случајот „Рекет“, се потврдува дека пред законите секој е еднаков и одговорен, вели портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Владата повикува на брза и темелна истрага за овој случај. Резултатот да биде базиран исклучиво на докази согласно правото. Одговорност мора да има за сите инволвирани. Стоиме на располагање на сите правосудни органи се со цел овој случај да се расветли до крај, вели Хоџа.

Од Владата велат дека случајот не смее да се злоупотребува и тој не треба да биде пречка за евроатлантските аспирации на Северна Македонија.

Независно од натамошниот развој на случајот во кој осомничена е и Јанева, очекуваме од правосудните органи, вклучително и од СЈО, бескомпромисна борба против највисоките облици на криминал и корупција. Да ја заокружиме реформата и да обезбедиме владеење на правото, вели Хоџа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.