Најголем дел од 450-те граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат со организирани авионски летови до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул. Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија, велат портпаролите на владата Мухамед Хоџа и Душко Арсовски.

Тие нагласија дек Македонија беше меѓу првите, ако не и прва која сама пристапи на САД и понуди помош за овие луѓе кои се под опасност од доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан.

Воедно истакнаа дека не постои ризик од мигрантска криза, ниту оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница. Македонија е дел од голема светска хуманитарна акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.