Владата на денешната 96-та седница, одржана преку видеоконференциска врска, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе Одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Македонија, за противпожарните возила.

Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари и справување со непредвидливите последици Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15 000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.