На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-1919.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во Скопје, се хоспиталирани вкупно 290 лица, од кои 8 во последните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.