Нови 2.000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 5.779 тестирања. Од нив, 267 се реинфекции. Починале 23 лица од кои најмладиот на 35-годишна возраст. Дополнително, според Регистарот на умрени лица од Ковид-19 во периодот од 24 декември до 30 јануари починати се уште 12 лица.

Од вкупно починатите 35 лица, 13 лица биле целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 1096 по што следуваат Битола со 123 и Кавадарци со 108 случаи. Најмалку нови случаи има во Крушево и Македонски Брод по двајца и во Пробиштип и Пехчево по еден нов случај во изминатото деноноќие.

Од починатите во изминатите 24 часа, шестмина се од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по тројца има од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), двајца починати се од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице има од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 806 оздравени лица, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 270.897. Оздравени се 247.670 лица, а починале 8.444. Бројот на активни случаи изнесува 14.783.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.