Вклучен аларм ги одложи претпладневните рочишта во Кривичниот суд – Скопје, меѓу кои и за „27 април“ и за „Монструм“.

Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.

Вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата, се пред судската зграда.

Засега нема информација од што се вклучил алармот. На влезовите во Кривичниот суд се залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.Основен суд Ско



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.